fbpx

Силниот земјотрес во Мексико уривал згради и уби речиси 250 луѓе

-

Силниот земјотрес што вчера го погоди централниот дел на Мексико уби најмалку 248 луѓе и урна десетици згради во главниот град Мексико Сити.

Во вчерашниот потрес што се случи во 13.14 минути по локално време, најмалку 21 дете загинаа, а други триесетина, како и осум возрасни, се водат како исчезнати откако нивно училиште се урна.

– Во основното училиште „Енрике Ребсамен“ загинаа 25 лица, од кои 21 дете – изјави мексиканскиот заменик-министер за образование, Хавиер Тревињо.

Потресот со интензитет од 7,1 степен според Рихтерова скала предизвика големи штети и во други градови. Земјотресот удри кратко откако многу луѓе учествуваа во вежба за случај на земјотрес, а се случи точно 32 години откако катастрофален земјотрес уби околу 10.000 луѓе во Мексико Сити. Мексико е земја со чести земјотреси, а пред 12 дена потрес со сила од 8,1 степен според Рихтеровата скала уби најмалку 90 луѓе на југот на земјата.

Епицентарот на вчерашниот земјотрес беше близу Атенсинго во државата Пуебла, на околу 120 километри од Мексико Сити, а се случил на длабочина од 51 километар, соопшти Геолошкото биро на САД.

Според националниот координатор за цивилна заштита, во Мексико Сити бројката на загинати изнесува 117, во државата Морелос загинале 72 луѓе, во Пуебла 43 лица, во државата Мексико – 12, во Гуереро тројца и во Оаксака има една жртва.

Спасителски екипи и доброволци цела ноќ со копачи, лопати и со голи раце пребаруваа во урнатините на зградите за да спасат затрупани луѓе.

Градоначалникот на Мексико Сити, Мигел Анхел Мансера, рече дека 44 згради се урнати или оштетени додека некои се зафатени од пожари. Станува збор за шесткатни згради, една фабрика и еден супермаркет.
Околу два милиона луѓе во главниот град се без струја и телефонски врски. Властите предупредуваат да не се пуши на улица бидејќи можно е да има штети и продупчувања на цевките за гас.

Претседателот на Мексико, Енрике Пења Нието, за денеска свика итна седница на националниот Комитет за вонредни ситуации.

Вчерашниот земјотрес се случи само неколку часа по завршувањето на комеморацијата во сеќавање на жртвите од земјотресот со интензитет од 8 степени според Рихтер, што го погоди Мексико Сити во 1985 година, а во кој животот го загубија повеќе од 10.000 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...