fbpx

Силна поддршка за малите и средни фирми со Програмата за економски реформи 2019-2021

-

Подобрување на деловното окружување, зголемување на конкурентноста, намалување на невработеноста и создавање инклузивно општество, предвидува Програмата за економски реформи 2019-2021.

Во Министерството за финансии беше одржан работен состанок помеѓу институциите кои ги спроведуваат реформите, невладиниот сектор и експертската јавност. Финалниот документ Владата има обврска да го достави до Европската комисија до 31 јануари 2019 година.

Според последниот Извештај, Македонија има постигнато најголем успех во имплементацијата на препораките дадени претходната година во мај. Исто така, нотирано е дека земјата сериозно ја подобрила својата оценка во споредба со минатата година.

„Целосно се исполнети препораките кои се однесуваат на усвојување на Програмата за реформи во управувањето со јавните финансии и поставеноста на монетарната политика. Значително исполнување е нотирано кај препораките кои се однесуваат на зголемена фискална транспарентност, користење на ЕНЕР, унапредување на стручното образование преку воведување на модел на дуално образование. Сепак, се уште имаме предизвици кои треба да ги надминеме, не само за да ја подобриме оценката, туку за да ја подобриме економијата и животниот стандард на населението“, соопштуваат од Министерство за финансии.

Во новата Програма од особено значење се меркитте за малите и средни компании. Тие се насочени кон зголемување на конкурентноста, поддршка на иновациите, усвојување на повисоки стандарди за квалитет, производство со поголема додадена вредност и поврзување на домашните со странските компании.

Во тек се и измени на Законот за јавни набавки кои ќе обезбедат примена на принципот „најдобра вредност за парите“ и ќе овозможат почитување на принципите на ЕУ за транспарентност и конкурентност.

По доставување на Програмата до Европската комисија следи оценска мисија. Во мај во Брисел се организира економско-финансиски дијалог на кој се усвојуваат заеднички препораки за подобрување на економското управување на земјата. Подготовката на Програмата е дел од претпристапниот процес на Македонија во Европската Унија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...