fbpx

Силна експлозија во кинескиот град Нингбо, најмалку двајца загинати

-

Две лица загинале, а десетици се повредени во силна експлозија во близина на пристанишниот град Нингбо, во источниот дел на Кина, јавуваат светските медиуми.

Експлозијата се случила денеска во 9 часот по локално време, во ненаселена зона на градот, соопштиле локалните власти и додале дека две лица загинале, а две се тешко повредени. Медиумите пренесуваат дека во експлозијата се повредени 30 лица кои биле префрлени во болница.

Новинската агенција „Синхуа“ јавува дека експлозијата се случила во близина на фабрика, а од полицијата соопштиле дека е отворена истрага која треба да ги утврди причините за експлозијата, кои сè уште се непознати.

Медиумите наведуваат дека во Кина се чести експлозиите во индустриските зони, поради непочитување на правилата за безбедност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...