fbpx

Силен земјотрес ја погоди Индонезија, најмалку 54 загинати и стотици повредени

-

Најмалку 54 лица ги загубиле животите, а стотици се повредени во силен земјотрес што утрово го погодил индонезискиот остров Суматра, соопштија тамошните власти, јавуваат светските медиуми.

Земјотресот со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата сакала ја погодил провинцијата Ацех, рано утрово, додека верниците се подготвувале за утринската молитва.

Во градот Меуреуда, џамиите и продавниците од силниот потрес биле срамнети со земја, пренесуваат агенциите.

Опасност од цунами засега не е објавена, а како што е наведено, по земјотресот биле регистрирани уште најмалку 5 дополнителни потреси.

Во тек е спасувачка акција за извлекување на луѓето за кои се верува дека се наоѓаат под урнатините.

Земјотресот е регистриран во област на 130 километри југоисточно од градот Банда Ацех, во северниот дел на островот Суматра.

Во силниот земјотрес и цунамито што следуваше по него во 2004 година, загинаа 170.000 лица само во Индонезија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Лицето кое ја уби 46-годишната Танкица Маладеновска во Кочани на 25 септември доби доживотна затворска казна, соопшти Јавното обвинителство. Основниот суд во Кочани донесе пресуда за злосторникот за кривичното дело...