fbpx

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд, постои опасност од цунами

-

Властите на Нов Зеланд издадоа предупредување за можно цунами и ги повикаа лицата од целиот источен брег да се повлечат кон внатрешноста на островот или на повисоките делови, откако силен земјотрес го погоди североисточниот град Кристчерч, најголемиот град на Јужниот Остров. Засега нема извештаи за жртви.

Потресот првично беше оценет дека имал магнитуда од 7,4 степени, но подоцна е утврдено дека станува збор за 7,8 степени. Земјотресот бил на длабочина од 23 километри, а епицентарот на 46 километри од градот Емберли, односно 91 километар североисточно од Кристчерч.

Новозеландското министерство за цивилна одбрана и справување со криза соопшти дека може да се очекуваат бранови со височина од 3,5 метри.

Службата за хидрометеоролошки работи на Нов Зеланд соопшти дека се забележани цунами со височина од два метри во близина на Каикоура, а мали, но сепак опасни цунами бранови се забележани кај градовите Велингтон и Кеслпоинт.

Новозеландскиот премиер Џон Ки на „Твитер“ изрази надеж дека сите се на безбедно по земјотресот и оти цивилната одбрана ја проценува штетата.

Како што јавуваат локалните медиуми, жителите на главниот град Велингтон излегоа на улиците, се слушаат сирени и владее голема вознемиреност.

https://twitter.com/dickbicknell/status/797767974492831744

– Цела куќа се поместуваше како змија, некои работи се искршени, а снема и струја – изјави жителка на Такаке, градот кој е речиси на врвот на Јужниот Остров.

Градот Кристчерч во 2011 година беше погоден од силен земјотрес со јачина од 6,3 степени, при што загинаа 185 лица, а стотици беа повредени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Обединетите нации бараат истрага по откривање на масовни гробници во болниците во Газа

Обединетите нации (ОН) повикуваат на „независна, ефикасна и транспарентна истрага“ за откривањето на масовни гробници во две болници во Газа, кои беа опколени и нападнати од израелските војници оваа...