fbpx

Силен земјотрес ги погоди Иран и Ирак – 214 загинати и 2.800 повредени

-

Најмалку 214 лица загинаа, а повеќе од 2.800 се повредени во силниот земјотрес кој ја погоди иранско-ирачката погранична провинција Креманшах.

Според податоците на иранската Национална организација за управување со несреќи, во Иран загинале најмалку 207 лица, а повеќе од 2.500 се повредени. Иранските власти наведуваат дека бројот на загинати ќе се зголеми бидејќи спасувачките екипи сè уште не пристигнале до оддалечените места.

Земјотресот се почувствувал во неколку ирански провинции, а најтешко е погодена провинцијата Керманшах, каде е прогласена тридневна жалост. Во оваа провинција загинаа 142 лица, а најголемата болница е многу оштетена, така што повредените не можат да добијат лекарска помош.

Земјотресот го погодил и Ирак, каде најмалку седум лица загинаа во регионот Курдистан, соопшти курдскиот министер за здравство Хаме Рашеда. Ирачките здравствени и локални претставници наведуваат дека 321 лица се повредени во областа Курдистан, а најмногу погоден е градот Дарбандикан. Тој истакна дека ситуацијата во градот е критична бидејќи најголемата болница е оштетена и нема електрична енергија, поради што повредените се носат во соседните градови.

Медиумите различно информираат за јачината на земјотресот, новинската агенција „Ројтерс“ повикувајќи се на европскиот сеизмолошки центар наведува дека земјотресот бил со јачина од 7 до 7,9 степени. Агенцијата „Тасс“, повикувајќи се на истиот извор наведува дека бил со јачина од 7,4 степени, а некои од медиумите јавуваат дека е од 7,5 степени според Рихтер.

Иранскиот сеизмолошки центар регистрирал повеќе од 50 повратни потреси, а се очекува дека ќе има уште.

Агенцијата „Тасс“ наведува дека епицентарот на земјотресот бил на 10 километри длабочина и дека се почувствувал и во Кувајт.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...