fbpx

Швајцарското обвинителство отвори истрага против Франц Бекенбауер за корупција

-

Швајцарското обвинителство отвори криминалистичка истрага против германската фудбалска легенда Франц Бекенбауер и уште три други лица во врска со кандидатурата на Германија за организирање на Светското првенство во фудбал во 2006 година, јавува „Би-би-си“.

Тие, како членови на организацискиот комитет за првенството, се осомничени за измама, малверзации, перење пари и за проневера.

Некои од делата за кои се товарат, како што пишува „Би-би-си“, биле извршени на територијата на Швајцарија.

Бекенбауер, кој ја предводеше кандидатурата на Германија за Светското првенство во 2006 година, претходно ги отфрли наводите за корупција.

Во март оваа година, Светската фудбалска организација (ФИФА) почна истрага против шест лица за нивната улога во доделувањето на организацијата на превенството на Германија во 2006 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(АНАЛИЗА) Јавен сектор: вработени по етнички клуч и според образование

Во четири министерства застапеноста на етничките Македонци изнесува 70 отсто од вкупниот број на вработени. Во седум ресори застапеноста на етничките Албанци е над 30 проценти, пишува Порталб.мк. Во...