fbpx

Швајцарија ќе воведе квоти за доселеници

-

Швајцарската влада предложи нов нацрт-закон, со кој се ограничува доселувањето на странци, но нагласи дека пред донесувањето на законот, ќе разговора со Европска Унија за да не ги прекрши двостраните договори, меѓу кои и тој за слободно движење на луѓе.

Швајцарците пред една година на референдум изгласаа воведување квоти за доселеници, што ја соочи владата со проблем во поглед на тоа како да ја спроведе одлуката на народот, а истовремено да избегне револт на Европската Унија, која најави дека секое намалување на бројот на доселени работници од земјите-членки на ЕУ би значело кршење на договорите што покриваат голем број подрачја на соработка.

Владата има намера да одреди годишни квоти за луѓе што смеат да се доселат во Швајцарија, рече претседателката Симонета Сомаруга, без дополнителни појаснувања.

Со нацрт-законот се бара од работодавците, при вработување работна сила, предност да им даваат на Швајцарците, иако ќе има исклучоци во одделни дејности во кои се покажало дека има проблем при пополнување работни места.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 15 часот е 35,9 отсто, 7 отсто повеќе од 2019 година

До 15 часот на првиот круг на претседателските избори гласале 392.066 гласачи  од вкупно 1.092.341, односно 35,89 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Излезноста е повисока во споредба со процентот...