!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Шуто Оризари доби гинеколог од Албанија


       
Скопје, 6 септември, 2017 - 14:36 (META) 

Скопската општина Шуто Оризари од денеска има гинеколог кој ќе работи во амбулантата во општината. Пациентките ќе ги прегледува доктор Вјолца Мбиара, специјалист гинеколог со долгогодишно работно искуство, меѓу другото, и во американска болница во Албанија, информираат од Министерството за здравство.

Министерот за здравство, Арбен Таравари, изјави дека конечно во амбулантата во Шуто Оризари ќе работи и гинеколог, со што е решен долгогодишниот проблем и е обезбедена континуирана гинеколошка здравствена заштита за жените од oпштината.

Докторката не го знае македонскиот јазик и со пациентките ќе се разбира со помош на медицинска сестра.