fbpx

Шулц ги убеди Социјалдемократите да останат во владата на Меркел

-

Со тесно мнозинство Социјалдемократите денеска изгласаа партијата да влезе во коалиција со ЦДУ на Ангела Меркел. Лидерот на Социјалдемократската партијата Мартин Шулц успеа да ги убеди своите сопартијци кои со тесно мнозинство изгласаа партијата да влезе во коалиција со ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел.

Шулц ги убеди 600-те делегати на партиската конвенција во Бон дека за Германија и за Европа е најдобро да нема политичка криза.

Шулц, кој и беше директен опонент на Меркел на изборите во септември, рече дека многу е направено во коалициските преговори и останува уште да се прецизира мигрантската политика. Социјалдемократите бараат од десничарите на Меркел да се ограничи слободниот влез во земјата на членови на семејствата на мигрантите кои добиле азил.

Доколку Шулц не беше успешен во убедувањето на неопределените сопартијци, Германија за прв пат по Втората светска војна ќе се соочеше со формирање малцинска влада. Второто сценарио беше предвремени избори, за што Марттин Шулц рече дека Социјалдемократите се неподготвени, по катастрофалните резултати на последните избори.

Десничарите на Меркел и Социјалдемократите се во коалициска влада од 2013 година .

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...