fbpx

Штрајк на британските железничари

-

Стотина илјади патници кои секојдневно од Лондон патуваат со воз се соочуваат со првиот од вкупно петте најавени дена од штрајкот на железничарите, што е најголем прекин на возниот сообраќај во последните 50 години во Велика Британија.

Синдикатот на железничарите бара кондуктерите повеќе да не мора да ги отвораат и затвораат врата на возовите.

Најновиот прекин на железничкиот сообраќај на Лондон е дополнителен удар за патниците кои досега беа изложени на рестрикции поради преголемиот број на боледувања кај железничкиот персонал во текот на минатиот месец.

Од југот на Лондон поаѓаат околу 341 воза, што претставува 15 отсто од вкупниот редовен возен сообраќај. Спорот кој предизвика штрајк е обврската на кондуктерите да ги отвораат и затвораат вратите на возот.

Унијата РМТ, еден од најборбените британски синдикални организации, бара да се зголеми бројот на возовите кои опслужуваат само машиновозачи.

Претставниците на синдикатот и компаниите се обидоа да преговараат, но тоа заврши без успех откако превозникот изјави дека за време на штрајкот нема да пуштат во промет ниту еден воз кој сообраќа само со машиновозач.

Главниот менаџер на овој оддел на железницата, Чарлс Хортон изјави дека „Унијата РМТ ги изневерила сите“, како и оти нивниот штрајк е „непотребен, неприфатлив и неоправдан“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...