fbpx

Што значи кризна состојба, колку може да трае и што потоа?

-

Состојба предизвикана од ризици и опасности кои можат да ги загрозат добрата, здравјето и животот на луѓето и животните и безбедноста на Републиката, за чија превенција или справување е потребна употреба на поголем обем на ресурси. Вака, според Законот за управување со кризи е дефинирана кризната состојба, која владата вчера донела одлука да се воведе на јужната и северната граница, а поради големиот наплив на мигранти кои во земјава влегуваат од Грција и потоа транзитираат до Србија.

Законот предвидува дека во случај на кризна состојба со дел од своите сили може да учествува армијата, а што денеска на прес-конференција го најави и помошникот министер за односи со јавност на Министерството за внатрешни работи, Иво Котевски.

Според законските одредби дел од Армијата учествува во поддршката на полицијата во услови кога „со кризната состојба е загрозена безбедноста на државата, а органите на држвната управа немаат соодветни ресурси и средсва за нејзина превенција и справување“.

Одлуката за постоење на кризна состојба не може да трае подолго од 30 дена. Во случај да биде надминат овој период, односно состојбаа да продолжи да трае подолго од 30 дена, владата треба да побара одобрување од Собранието за продолжување на рокот или да предложи прогласување на воена или вонредна состојба.

Во случај на кризна состојба можат да се употребат и ресурсите на јавните претрпијатија, установи и служби, како и на приватни фирми (трговските друштва) „кои се од пособено значење за работа во кризна состојба, како и за упоравување со нив во случај на кризна состојба“.

Како што е регулирано со законот, одлуката за прогласување на кризна состојба и подрачјето зафатено со неа ја носи владата, а за тоа веднаш го известува Собранието и претседателот на државата.

„Владат донесува одлука за постоење на кризна состојба, го определува подрачјето зафатено со крзина состојба и соодветно на тоа ги активира механизмите за разрешување на кризната состјба. За одлуката владата веднаш го известува Собранието и претседателот на државата. Владата за активностите повразни со оваа одлука во рок од 48 часа усно, а еднаш неделно писмено го известува Собранието и претседателот“, стои во членот 31 од Законот за управување со кризи.

Процената на ризиците по безбедноста на дражвата ги носе посебно тело, наречено Група за процена кое го сочинуваат директорите за Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Упрвата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Агенцијата за разузнавање (АР), директорите и замениците на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), заменикот на началникот на генералштабот на армијата, како и раководителот на Службата за безбедност и разузнавање на Армијата.

Котевски на денешната прес-конференција не прецизираше дали со прогласувањето на кризната состојба на јужната и северната граница всушност се затвара границата за проток на мигранти од Грција во земјава. Сепак, толкувањето меѓу редови на владината мерка значи токму тоа, односно запирање на досегашната пракса за пропуштање на групи мигранти кои во земјава доаѓаа од Грција, кои со тек на време растеа во бројки, од неколку стотици, до неколку илјади, како што беше ситуацијата до вчера. Во случај некои од мигрантите да успеат да ја поминат границата и да влезат на македонска територија ќе бидат третирани како и досега, односно ќе добијат потврда за искажана намера за барање азил и ќе можат да престојуваат 72 часа легално во земјава, согласно измените на Законот за азил и привремена заштита. Но, она на што цели владата е дека со оваа мерка ќе се намали бројот на мигранти кои престојуваат во земјата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...