fbpx

Што следува по одбиените барања на Јанева за притвор на осомничените во „Титаник“?

-

Со неприфаќањето на судот на барањата на Катица Јанева и на нејзиниот тим да им одреди притвор на осомничените во акцијата „Титаник“, почнуваат да течат реалтивно куси законски рокови (од 24, односно 48 часа) за сите страни – за СЈО, за осомничените и за судот.

  • Јанева има рок од 24 часа од донесувањето на решението на судијата на претходна постапка да ја обжали неговата одлука до Основниот суд Скопје 1.

По жалбата на СЈО, одлучува совет на Основниот суд Скопје 1 составен до тројца судии.

  • Во рок од 48 часа по добивањето на жалбата, советот е должен да донесе одлука.
  • Осомничените имаат 24 часа да поднесат жалба до повисок суд доколку советот донесе одлука да ја прифати жалбата на обвинителството и да им одредреди притвор.

Или, попрецизно:

Според Законот за кривична постапка (ЗКП), Јанева има рок од 24 часа од донесувањето на решението на судијата на претходна постапка да ја обжали неговата одлука до Основниот суд Скопје 1.

„Против решението на судијата на претходна постапка со кое се одбива предлогот за определување на притвор, дозволена е жалба во рок од 24 часа до совет од членот 25 став 5 на овој закон. Жалбата не го задржува извршувањето на решението“ (Став 3 од членот 169 на Законот за кривична постапка)

Како што е наведено во него, по жалбата на СЈО одлучува совет на Основниот суд Скопје 1 составен до тројца судии.

„Првостепените судови, во совет составен од тројца судии, одлучуваат по жалби против одлуките на судија на претходна постапка и против други решенија кога тоа е определно со овој закон, донесуваат одлуки во прв степен од главната расправа, донесуваат пресуда според одредбите за извршување на странска кривична пресуда утврдени со посебен закон и ставаат предлози во случаите предвидени во овој или во друг закон“ (Став 5 од членот 25 на ЗКП)

Советот по добивањето на жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа.

Доколку Советот донесе одлука да ја прифати жалбата на обвинителството и на осомничените да им одредреди притвор, во тој случај, како што е дополнето во ставот 3 од членот 169 на ЗКП, тие можат во рок од 24 часа да поднесат жалба до повисок суд, односно од Апелацискиот суд Скопје, кој треба да донесе конечна одлука.

Како што соопшти денеска Основниот суд Скопје 1, по вчерашниот распит на четворица осомничени, судијата на претходна постапка го одбил барањето на СЈО за притвор против поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, градоначалникот на општина Пустец, во Албанија, Едмонд Темелко, и на уште две лица осомничени во акцијата „Титаник“.

Распитот и одлуката по барањето на СЈО за притвор против другите осомничени, меѓу кои се поранешната министерка Гордана Јанкулоска и генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски, ќе биде спроведен дополнително. Тие вчера преку своите адвокати го известиле судот дека поради патување не можат да се појават пред судија на претходна постапка и дека тоа ќе го сторат дополнително по налог на судот.

„Кривичниот суд во Скопје засега пропушти да се запише во историјата на Република Македонија. Следуваат жалби!“, напишаа од Специјалното јавно обвинителство на својата официјална страница на „Фејсбук“.

Со ова Јанева и нејзините обвинители најавија дека ќе поднесат жалби против одлуката на судија на претходна постапка, со која се одбиени дел од барањата за притвор на осомничените во акцијата „Титаник“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...