fbpx

Што напишаа, а што, всушност, сакаа да кажат амбасадорите?

-

До политичките партии, потписнички на Договорот од Пржино, и до Владата, а пред сè до владејачката ВМРО-ДПМНЕ и до нејзниот лидер и премиер, Никола Груевски, амбасадорите вчера ја испратија досега најјасната порака, која и покрај својата експлицитност, сепак, беше пренесена на дипломатски јазик.

Доколку амбасадорите на САД, Велика Британија, Германија, Франција, Италија и на Европската унија (ЕУ) решеа да ги симнат дипломатските ракавици и да зборуваат на обичен јазик, она што го напишаа, а сакаа да го кажат, би изгледало, отприлика, вака:

 

Што напишаа амбасадорите: Што сакаа да кажат:
Се сретнавме со премиерот Никола Груевски и го искажавме нашето разочарување од неисполнувањето на крајниот рок, 20 октомври, предвиден со Договорот од Пржино на 15 јули, за смена на министрите. Значи, на Груевски во петокот му рековме дека нè разочарал бидејќи нема привремена влада.
Го повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да покаже посветеност и да го имплементира договорот на конструктивен и итен начин и со добра волја. ВМРО-ДПМНЕ одолговлекува.
Сметаме дека имплементацијата на Договорот од Пржино е најдобар пат за излез од политичката криза. Нема друго чаре за кризата освен Договорот од Пржино.
Го повикавме премиерот Груевски да го овласти неговиот тим да ги финализираат отворените прашања од Договорот од Пржино и брзо да ги спроведат потребните реформи за да се обезбедат фер услови за изборите и за национално и меѓународно признавање на нивниот кредибилтет, како и отчетност за можните злоупотреби. Му рековме на Груевски да им даде мандат на своите преговарачи за тие вистински да преговараат, да прифаќаат и да нудат компромиси, а не да ставаат сопки за партијата да има предност на изборите.
Очекуваме на Специјалниот јавен обвинител, назначен со мнозинство гласови во Собранието, да му бидат дадени бараните ресурси и да му се овозможи да почне со својата важна работа. Дајте ѝ пари, луѓе и простории на специјалната обвинителка Јанева, бидејќи таа е избрана во законодавниот дом, со апсолутно мнозинство на гласови. На вас е да го извршите она што таа го бара.
Го повикаме СДСМ, во нивниот дел, да продолжи да ги исполнува своите обврски што произлегуваат од политичкиот договор, вклучително и обврската да не објавува нови преслушувани материјали. СДСМ да се држи до ветеното и да не објавува нови „бомби“.
Според договореното во Пржино, партиите треба на прво место да го стават интересот на државата и да ја потврдат посветеноста на евроатлантските интеграции и на демократските принципи. Партиите да се ангажираат и да го спроведат Договорот од Пржино бидејќи од него зависи судбината и напредокот на државата, а не да ги гледаат само партиските интереси и својата кожа.
Сите политички партии треба да дејствуваат со добра волја и да ја обноват својата посветеност на тој договор, да се однесуваат според мерките на кои се сложија со апсолутна ургентност, која во оваа ситуација е потребна. Партиите да не кочат и блокираат, туку најитно да реагираат во спроведувањето на договореното.
Неуспехот од постигнување на договореното ќе влијае на процената на Европската комисија. Ако тоа не се направи – збогум препорака!
Владите, а особено нивните лидери, имаат посебна одговорност во време на политички кризи. Груевски да си ја понесе одговорноста што ја има како шеф на Влада.

Ако сето ова се исполни и има јасни индикации за преземените активности, од своја страна, меѓународната заедница е подготвена да го поддржи нивниот напор.

 

Ако се договорат и тоа на дело го покажат, и ние ќе испорачаме тоа што сме ветиле –  ќе дадеме препорака во извештајот и ќе помогнеме во решавањето на прашањата поврзани со напредокот на државата, како членството во НАТО и отворање преговори за членство во ЕУ.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...