fbpx

Штипските студенти маршираат против екстерното

-

Со извиците „Не за екстерното“, засилени со свирчиња, маршираа студентите од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Повеќе од стотина студенти тргнаа од плоштадот Слобода и наместо најавената маршрута кон Ректоратот во Ново Село, се упатија во спротивен правец, кон Економски факултет. Кога стигнаа таму, студентите извикуваа „Излези УГД!“, со повик кон колегите да им се придружат. Потоа, следени од неколку полицајци, поминаа низ центарот на Штип до Ректоратот во Ново Село. Таму останаа кратко, колку да го покажат своето незадоволство, од, како што стои во повикот, најавата за организирање екстерно тестирање.

На протестот организиран преку фејсбук-групата „УГД Штип НЕ за екстерното тестирање на студенти“, никој официјално, како организатор, не се огласи со став. За поводот за собирањето пред новинарите зборуваа неколку од студентите. Една од нив е и студентката на медицина, Анастасија Коцева, која смета дека протестот е граѓанска должност.

– Бидејќи ја знаеме вредноста на студенотот во општеството, во македонското општество, студентот е изманипулиран и е потценет. Ние сме тука за да го изразиме нашиот револт и за да протестираме бидејќи сите имаме право на тоа – изјави Коцева.

Друг студент рече дека екстерното тестирање ќе им биде голем товар, покрај редовниот материјал на студиите.
– Се зборува за воведување есктерно тестирање. Многу ни е, покрај колоквиумите и испитите – изјави студентот.

Студентите по медицина реагираат на најавата за воведување на екстерно тестирање, покрај државниот испит, кој е задолжителен за секој дипломиран лекар. Меѓу студентите на плоштадот се најде и член на раководството на Студентскиот парламент, кој рече дека го поддржува протестот. Наспроти него, пак, вчера, претседателот на парламентот, Горан Стаменков, изјави дека студентите што протестираат погрешно го разбрале концептот на проверка, кој, всушност, е државен испит.

Денешниот протест во Штип, како прв обид за организрање преку социјалните мрежи, помина мирно, без инциденти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Студентот Филип Алчевски победи на хакатонот за зелено инженерство

Филип Алчевски со темата „Иновативни употреби на летечката пепел за одржлив развој“, е победник на хакатонот за зелено инженерство, кој се одржа на Технолошки-металуршкиот факултет (ТМФ). Второто место го освои...