fbpx

Штипската полиција поднесе кривична пријава против градоначалникот Илчо Захариев

-

Секторот за внатрешни работи Штип поднел кривична пријава против градоначалникот на општината, Илчо Захариев, со која го товари за злоупотреба на службената положба и овластување, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Како што стои во соопштението, Захариев како градоначалник на општина Штип, ја искористил службената положба и овластување и склучил штетен договор со локална фирма, спротивно на законските прописи и без да наведе основ за склучување на договорот.

„Осомничениот И.З. наместо да изврши наплата на парични средства во висина од 1.899.918 денари (30.730 евра) за уредување на градежно земјиште за изградба на објект со локација во индустриската зона Запад во Штип (која во урбанистичките планови постои од 2014 година), пријавениот наплатил само 332.299 денари (5.400 евра), со што и нанел штета на општина Штип, а на правното лице му овозможил да се стекне со противправна имотна корист од 1.567.619 денари (25.500 евра)“, се наведува во соопштението на МВР.

Инаку, Захариев е кандидат за градоначалник на општина Штип од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и за претстојните локални избори на 15 октомври.

Завчера МВР соопшти дека се поднесени три кривични пријави против градоначалникот на Неготино, Ванчо Апостолов, исто така, за злоупотреба на службената положба и овластување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

И годинава документите за упис во средно ќе треба да се достават и електронски и во хартиена форма

Министерството за образование и наука (МОН) денеска го објави конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2024/2025 година. Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши...