!На 1 февруари 2017 година, заврши промотивниот период на слободно користење на содржините на „Мета“. Во периодот што претстои го воведуваме новиот систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително

Штипјани добивале СМС-пораки да излезат на протестот „За заедничка Македонија“


       
Штип, 28 февруари, 2017 - 11:49 (META) 

Кратки телефонски пораки со повик за протест добиле повеќе штипјани, меѓу кои и членови на ВМРО-ДПМНЕ, но велат дека немаат информација кој ги испратил СМС-пораките.

На фејсбук-страницата „Илинден#4 – Иницијатива За заедничка Македонија“, објавен е повик за протест во Штип.

„И Штип почнува денеска. Тргнување од Соборниот храм „Св. Никола“, преку улицата Васил Главинов, па сè до кружниот тек во близина на телевизија „Стар“. Почеток: 18 часот“, стои во повикот.

Во прилог на повикот, објавена е и маршрута на протестот. Засега никој во Штип се нема декларирано како член на оваа иницијатива, која со протести почна вчера во Скопје.

На „Фејсбук“, иницијативата „За заедничка Македонија“ објави повици за протести во уште неколку други градови во земјава.