fbpx

Штајнмајер: Трамп е закана и за американската и за светската безбедност

-

Шефот на германската дипломатија, Франк-Валтер Штајнмајер, оцени дека републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, претставува закана за американската и за светската безбедност поради својата „политика на страв и на изолација“.

Штајнмајер вели дека е загрижен поради, како што рече, двосмислените ветувања на Трамп. Тој ги посочува ветувањата на републиканецот дека „Америка повторно ќе ја направи силна“, како и најавата за намалување на бројот на војниците стационирани во странство.

– Тоа е контрадикторно и ме загрижува. Политиката на страв и на изолација ќе донесе помалку, а не повеќе безбедност и ќе биде опасна не само за САД, туку и за Европа, како и за остатокот од светот – рече Штајнмајер, кој наскоро ќе отпатува во Вашингтон на средба на министрите за надворешни работи и за одбрана, посветена на борбата против Исламска држава.

Штајнмајер веќе со месеци го критикува Трамп поради неговиот говор „Прво Америка“, но дава пофални зборови за кандидатот на демократите, Хилари Клинтон, нарекувајќи ја искусен експерт за надворешна политика.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...