fbpx

Штајнмаер: Македонија да докаже дека останува на европскиот пат

-

Актуелните случувања во Македонија биле централна тема на прес-конференцијата на шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер, по денешната средба со неговиот албански колега, Дитмир Бушати, во германското Министерство за надворешни работи во Берлин, пренесува „Вест“ на својата интернет-страница.

„Инцидентот од предминатата недела (во Куманово) ја затече Европа и ја наведе вистински да се фокусира на она што се случува. Се надевам дека тоа што го видовме не е почеток на една ескалација туку одговорните во Македонија ќе се погрижат најпрво за транспарентно појаснување на случувањата и, второ, да нема други слични настани. Благодарен сум на Европската унија која, во рамките на нејзините можности, се обидува да влијае и вложува напори, преку посредување, да дојде до расчистување на ситуацијата. Се надевам дека состојбата во Македонија не е само смирена туку оти ќе се етаблира и цврстата волја да се продолжи по европскиот пат и дека нема да има сомнежи“, рекол Штајнмаер.

На новинарско прашање околу информациите дека конфликтот свесно се предизвикал и колкава е опасноста од војна, Штајнмаер, како што пренесува „Вест“, одговорил дека „не станува збор за специфична германска туку тоа е европска грижа“ и дека „секое враќање наназад на една земја од Западен Балкан, може да се рефлектира врз соседството“.

„Затоа сме заинтересирани не само да ја имаме пред очи Македонија туку, во суштина, сме претпазливи да не се создаде конфликт кој би довел до отворена конфронтација меѓу етникумите“, изјавил шефот на германската дипломатија.

Тој посочил дека на маргините на НАТО-средбата во Анталија, минатата недела, имал средба со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, на која кажал дека „најдобар начин, најефикасно средство против сомнежите е отворено и транспарентно расчистување на случувањата“.

„Сега треба да видиме дали ова и ќе се направи“, рекол Штајнмаер на денешната прес-конференција.

Албанскиот министер за надворешни работи Бушати, порачал дека „битно е да не се допре територијалниот интегритет на Македонија и во интерес на земјата е да се постигне транспарентност за расчистување на актуелната криза“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...