fbpx

Штајнмаер: ЕУ не смее да падне во депресија по Брексит

-

Европската Унија не смее да падне во депресија и да биде парализирана по одлуката на Велика Британија за излегување од Унијата, изјавил германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер, по пристигнувањето на итниот состанок на шесте земји членки, основачи на ЕУ, во Берлин.

Тие на состанокот треба да разговараат за забрзувањето на претстојниот процес за напуштање на Британија на Унијата, а според најавите, шесте земји ќе дискутираат и за тоа како да ги одвртат другите членки да тргнат по стапките на Велика Британија.

Шесте земји што учествуваат на состанокот во Берлин – Германија, Франција, Италија, Белгија, Луксембруг и Холандија – првпат ги здружија силите во 1950-тите години и сè уште го сочинуваат јадрото на ЕУ.

Првиот самит на лидерите на Европската Унија без Велика Британија ќе биде одржан в среда. Европската Унија ѝ порача на Британија да ги почне преговорите за напуштање на Унијата што е можно поскоро.

Велика Британија сега мора да се повика на членот 50 од Лисабонскиот договор на ЕУ, кој предвидува период од две години за да се постигне договор за напуштање на Унијата.

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, вчера изјави дека тој сака преговорите за напуштање да почнат веднаш.

Британскиот премиер, Дејвид Камерон, по референдумот во четвртокот најави дека ќе си даде оставка во октомври годинава и дека има намера преговорите за излегување од ЕУ да му ги препушти на својот наследник.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Оживува пропагандата за непостоечка продажба на органи од украински војници

Проверувачи на факти од Украина веќе пишуваат дека ова видео претставува дел од руската пропаганда. Центарот за борба против дезинформации објавува на Фејсбук дека станува збор за невистина. Во...