fbpx

Штајнмаер: Договорот да се спроведе веродостојно и брзо, а СЈО непречено да работи

-

Шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер, го поздрави договорот што македонските партии го постигнаа по долги напори, многу преговори и разговори за 11 декември 2016 година како термин за предвремени избори.

„Консензусот е во согласност со Договорот од Пржино од јуни 2015 година. Сега е клучно, договорот за понатамошното постапување до изборите да се спроведе веродостојно и брзо. Мора да се избегне понатамошно заостанување на земјата на патот кој води до приближување на ЕУ. Притоа, останува важно Специјалното јавно обвинителство да може непречено да продолжи со својата работа за разјаснување на обвинувањата за злоупотреба на моќта, за повторно да се засили довербата на македонското население во демократските институции на земјата“, вели Штајмаер во соопштението што го испрати Амбасадата на Германија во Македонија.

Германскиот министер, исто така, им заблагодари на еврокомесарот Јоханес Хан и на неговиот тим, како и на германскиот специјален пратеник, амбасадорот во Австрија, Јоханес Хајндл, кои, како што рече, со своето посредништво значително придонеле за успехот на партиските разговори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...