fbpx

Шпанските власти од денеска ја преземаат контролата над Каталонија

-

Преземањето на контролата на шпанските власти над Каталонија денеска стапи на сила.

„Претседателот на шпанската Влада ја презеде улогата и овластувањата од претседателот на Каталонија“, се наведува во официјалното соопштение на шпанските власти.

Шпанскиот министер за внатрешни работи, Хуан Игнасио Зојдо, наведува дека денеска е отпуштен и шефот на регионалната полиција, Хозе Лјиуд Траперо, против кого беше поведена истрага за поттикнување на бунт. Траперо е осомничен дека помагал во протестите за независноста на Каталонија одржани во септември.

Членот 155 од шпанскиот устав, кој беше активиран синоќа, ѝ овозможува на владата да реагира против секој бунт на својата територија.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, ги охрабри двете страни да најдат решение во рамки на шпанскиот Устав и врз основа на вообичаени политички и легални начини.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, исто така оцени дека прашањето за Каталонија мора да се реши во рамки на шпанскиот уставен поредок.

– Шпанија е посветен сојузник кој значајно придонесува за нашата безбедност – напиша Столтенберг на својот твитер-профил.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...