fbpx

Шилегов води пред Трајановски во Скопје, ветува победа во вториот круг

-

Петре Шилегов, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Скопје, прогласи победа во главниот град, која, како што рече, ќе биде потврдена во вториот круг од гласањето за две недели.

Шилегов вечерва на прес-конрефернција изјави дека води пред кандидадот на ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски, и дека станува збор за голема победа, без разлика дали таа ќе биде потврдена уште во првиот круг или не.

– Навистина зборот е збор. Ви ветив дека Скопје нема да биде вмровски град. Од вечерва Скопје го враќаме на граѓаните. И другите општини во земјава ги враќаме на граѓаните на Република Македонија. Скопје, градот убав, повторно се враќа на Македонија и тргнува со огрмни чекори наред. Да ја дочекаме победата за две недели. Граѓаните на Скопје и граѓаните на цела Македонија дадоа до знаење дека е доста од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Ова, во секој случај, е голема победа на Скопје, без разлика дали е дефинитивна победата во првиот круг или не – рече Шилегов.

Тој и шефот на изборниот штаб на СДСМ, Миле Зечевиќ, претходно ги повикаа граѓаните да ја прослават победата на СДСМ на локланите избори пред Владата, каде обраќање ќе има лидерот на партијата и премиер, Зоран Заев.

Зечевиќ изјави дека СДСМ победил во повеќе од 40 општини и дека води во уште десетина.

– Македонија се гордее со овој величествен демократски ден – рече Зечевиќ, додека во седиштето на СДСМ членови на партијата пееја и скандираа „Шутка не ти бега Никола“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.