fbpx

Шилегов: ВМРО-ДПМНЕ не сака СЈО да ги расчисти докрај истрагите што ги почна

-

Нема поголем доказ за криминалот на обвинетиот Никола Груевски од денешното гласање на неговите пратеници, обвини денеска Петре Шилегов, по собраниската седница на која пратениците не ги изгласаа измените на Законот за СЈО и на Законот за заштитени сведоци.

– Очигледно е дека обвинетиот Никола Груевски и криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ се единствените што не сакаат да се овозможи непречена работа на Специјалното јавно обвинителство. Од што се плаши ВМРО-ДПМНЕ, па упорно не сака да ги изгласа предложените измени на Законот за СЈО и на Законот за заштитени сведоци? Противењето на овие измени, како и неодамнешниот однос на пратениците кон специјалната јавна обвинителка, покажува дека ВМРО-ДПМНЕ не сака силно специјално обвинителство кое докрај ќе ги расчисти истрагите што ги почна – рече Шилегов.

Тој додаде дека со денешното гласање, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ официјално станале прикривачи и помагачи на криминалот што го гони Специјалното јавно обвинителство.

Според Шилегов, за целосно надминување на политичката криза, мора да има правна разврска во непристрасна и транспарентна постапка. Тој вели дека никој, без разлика на неговата партиска определеност, не смее да побегне од соочување со правдата.

Реакција на денешното гласање за измените на законите што ги бара СЈО имаше и пратеникот Рафиз Алити од ДУИ. Тој рече дека гласал за двата закони и смета дека истото требало да го направат и другите пратеници.

– Реков дека не сакам опозицијата да има алиби дека не сака избори. ДУИ две години се подготвува за избори и останува на тоа што било договорено, дека избори треба да има на 11 декември. ДУИ останува на ставот дека СЈО треба да ги врши својата работа и задача за што е формирано, а ние како пратеничка група и другите парламентарни партии дадовме доверба и стоиме на тоа дека треба да ја вршат работата според законот – рече Алити.

Претходно, координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, рече дека пратениците нема да прифатат никакво барање од СЈО и никакви нови договори кои се надвор од Договорот од Пржино.

– Самото тоа што овие предлози доаѓаат од СДСМ е јасен доказ дека оваа партија и СЈО се синоними и дека СЈО работи во полза на кампањата на СДСМ – рече Димовски, додавајќи дека и во иднина ќе гласаат против и нема да поддржат вакви барања од СЈО.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Утре бесплатен влез во музеите и на локалитетите по повод Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети

Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети, 18 Април, утре ќе биде одбележан со бесплатен влез во сите национални установи од областа на заштитата на културното наследство, кои ќе...