fbpx

Шилегов: Уставен суд да се стави во одбрана на правото и на правдата

-

Уставниот суд утре има шанса да покаже дека правото и правдата може да им бидат поважни од исполнувањето на желбите на Никола Груевски, рече денеска на прес-конференција Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

– На седницата закажана за утре, Уставниот суд има можност да се изјасни околу иницијативата за оценување на уставноста на законот за Специјално јавно обвинителство. Одговорноста за владеењето на правото и за еднаквост на сите граѓани пред законот е многу поголема. Станува збор за тоа дали Македонија ќе ја надмине политичката, општествената и правната криза во која се наоѓа. Приоритет за Уставниот суд на државата Република Македонија треба да биде уставноста на законот за СЈО – изјави Шилегов.

Шилегов додаде дека непречената работа на единствената независна институција која вистински се бори против криминалот и корупцијата мора да биде обезбедена и гарантирана.

– За излез од длабоката политичка криза, потребно е итно да се обезбеди владеење на правото и исполнување на сите услови за слободни, фер, демократски и веродостојни избори – рече Шилегов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...