fbpx

Шилегов: Ставрески да не се крие и да ѝ ги даде на јавноста одговорите што ѝ ги должи

-

„Дали е Ваш гласот на аудиоматеријалите? Дали некој од Вашите разговори е неавтентичен и неточен и кој? Дали во прислушуваните материјали ги препознавате гласовите на Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески и на Сашо Мијалков? Во разговорите велите дека градоначалникот на Битола, Владимир Талески, е криминалец и наведувате причина за тоа. Како чувар на државната каса, зошто не инициравте кривична пријава против него? Зошто станот на улица Димче Мирчев го имате купено во име на Ваш близок роднина, а не на Ваше име?“

Ова се само некои од прашањата што членовите на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето од редовите на СДСМ планираат да му ги постават на министерот за финансии, Зоран Ставрески.

Денеска во Собранието, на прес-конфереција, претседателот на комисијата, Петре Шилегов, рече дека Зоран Ставрески, сакајќи да се скрие од јавноста, побарал да сведочи на затворена седница на Анкетната комисија.

– Човекот – главен реализатор на шемите „Немаме за леб, а трошиме на чоколадо“, Зоран Ставрески, исто како и Никола Груевски, се плаши од вистината. Се плашат од корупцијата и од криминалот во последните 10 години. Многу има за криење Ставрески и затоа сака да избега и да се сокрие од граѓаните. Ова се некои од прашањата што сакаме да му ги поставиме на Ставрески и нема ништо тајно и класифицирано во нив. Затоа го повикувам да не се крие од јавноста и да им ги даде на граѓаните одговорите што им ги должи – изјави Шилегов.

Еве ги и другите прашања што СДСМ планира да му ги постави на Ставревски:

  • Велите дека Груевски ги терал двајцата министри, Пешевски и Јанакиески, да направат нешто незаконско и да потпишат со Кинезите. Во тој контекст, велите дека тој изгубил контакт со реалноста? Можевте да ги чуете и разговорите помеѓу Груевски и Јанакиески за митото што го бара од Кинезите? Дали бевте информирани дека Груевски и Јанакиески бараат 16 милиони евра мито од нив?
  • Јанкулоска ургирала кај Зврлевски да ја отфрли Вашата кривична пријава. На кој начин и со кои контрауслуги им возвративте за ова кршење на законот?
  • Чувме дека МВР набавило „мерцедес“ од 600.000 евра за Груевски, кој морал да биде криен за да не го видат граѓаните и новинарите. Што ќе изјавите како министер за финансии во поглед на фактот дека Груевски во разговор со Јанкулоска го избира победникот пред тендерот да биде готов, па во шифри ѝ вели „тоа на М“?
  • На кого точно мислевте кога рековте „ние сме лудаци“?
  • Дали сè уште мислите дека трошиме за чоколади, а немаме леб за јадење?
  • Дали и зошто на сите што не Ви се покоруваат им се заканувате дека ќе им го загорчите животот и дека ќе ги удирите со чекан по глава како што направивите со лицето К.Д., сега веќе поранешен вработен во Министерството за финансии?

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...