fbpx

Шилегов: Споменикот на Ќосето не и е исплатен на леарницата, тој ќе биде доказ во судење

-

Општина Сопиште може да посака и метро да имаат во Сопиште, рече градоначалникот Петре Шилегов откако Советот на Општината вчера донесе одлука со која бараат Градот да им го даде споменикот на Андон Јанев-Ќосето.

– Општината Сопиште може да си носи автономни одлуки какви што сака. Може да посакаат и метро да имаат во Сопиште. Градот Скопје има добиено допис од Рудници и железарници институти кои што ги лиеле петте спомениците на Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин дека се неплатени. Од нас е побарано да им доставиме известување каде се наоѓаат спомениците поради нивните потреби во судската постапка која ја водат за долг на неплатени споменици. Што значи Град Скопје примил неплатена донација – рече Шилегов.

Град Скопје веднаш по отстранувањето на споменикот минатиот четврток испратил допис до Здружението на адресата која е оставена во Градот за кореспонденција во моментот кога биле донирани спомениците. Досега како што вели Шилегов немаат добиено никаков одговор од Здружението.

Споменикот на Ќосето беше тргнат од пред Врховниот суд во четвртокот рано наутро, бидејќи бил дивоградба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...