fbpx

Шилегов: Со бегството, Грујовски и Бошковски ја потврдија оправданоста на одредениот притвор

-

Смисленото бегство на Горан Грујовски и на Никола Бошковски, обвинети за тешки кривични дела, е доказ за нивниот страв од соочување со правдата и ги потврдува основаните сомневања за нивната вмешаност во делата за кои се товарат, изјави денеска портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

– Со недостапноста на обвинетите се потврдија основаноста и оправданоста за донесената мерка притвор. Но, истовремено, со ова се остава простор за другите обвинети во случаите што ги води Специјалното јавно обвинителство, за кои наместо притвор се донесени мерки на претпазливост, во секој момент да можат да избегаат и да станат недостапни. Ваквото дерогирање на правниот систем и владеењето на правото од страна на „сваровски-судството“, комплетно ја урниса довербата на граѓаните во правосудството и го отвора прашањето за одговорноста на повисоките судски органи – вели Шилегов.

Според партискиот портпарол, работењето на Апелацискиот и на Врховниот суд е срамно, криминално, под партиска контрола и единствено во функција на заштита на криминалците.

Тој нагласи дека СДСМ ќе работи на професионализација на институциите, но и на поведување постапки за одговорност на судиите и на судските органи кои работат непрофесионално.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Потпишан законот за забрана на ТикТок во САД, доколку апликацијата не биде продадена

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпиша законот со кој во САД се забранува апликацијата во кинеска сопственост ТикТок, доколку не се продаде на американска компанија во рок од...