fbpx

Шилегов: Снимките го докажаа учеството на ВМРО-ДПМНЕ во упадот во Собранието

-

„Вчерашните снимки од безбедносните камери во холот на Собранието го докажаа директното учество на ВМРО-ДПМНЕ во обидот за организирање на терористичко загрозување на уставниот поредок и обид за убиство на дел од пратениците“, изјави на прес-конференција портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Според него, „снимките објавени вчера се клучниот доказ дека Никола Груевски постојано лаже.“

„Иако постојано тврдеше дека неговата партија нема ништо со упадот во Собранието, на снимките од надзорните камери јасно се гледа дека најмалку шест пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и еден пратеник од нивната коалиција, и помагаат и ја поттикнуваат групата во извршување на низа кривични дела. Ако досега преку проектот „Вистината за Македонија“ граѓаните можеа да слушнат, преку вчерашните снимки, можат и да видат на кој начин функционира ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Шилегов.

Според портпаролот на СДСМ, „целата јавност можеше да види кој го планирал, поттикнувал и го организирал упадот на толпата на 27 април.“

„Срамното и криминално постапување на Марко Зврлевски, неговото обвинителство и извршителите на Груевски во судството се последниот обид за спасување на виновниците за нападот на Собранието. За тоа Зврлевски и партиските судии на ВМРО-ДПМНЕ станува соучесник на нарачателите и извршителите на инцидентот“ додаде Шилегов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК нема да може сама да се справи со евентуални кибер напади и дезинформации

Кибер напади, дезинформации, логистички пречки - овие ризици се закана за кредибилитетот на изборните процеси, истакна денеска првиот човек на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. На денешната панел...