fbpx

Шилегов: Работиме за наоѓање решение, наскоро ќе имаме влада

-

СДСМ е целосно посветен на наоѓање брзо и ефикасно решение за формирање нова влада на Република Македонија, изјави денеска портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање дали наскоро може да се очекува договор за парламентарно мнозинство.

Во однос на изјавата на портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, дека без договор за влада – нема потписи, Шилегов рече дека сите политички субјекти кои се инволвирани во постизборниот процес треба да се свесни за состојбата во која се наоѓа Република Македонија и да носат одговорност за своите одлуки.

– Сите субјекти треба да се свесни за висината на задачата и за предизвиците пред кои е Република Македонија и да носат соодветни одлуки на таа состојба – рече Шилегов.

Тој сепак не откри дали преговараат со ДУИ и кога може да се очекува средба Заев – Ахмети.

– Имајте трпение, во моментот кога некоја информација ќе биде зрела за споделување, ќе ја споделиме. Не би сакале да шпекулираме со информации заради тоа што дополнително ќе настане конфузија во јавноста – рече Шилегов, додавајќи дека кога ќе биде доделен мандатот, Заев ќе ги соопшти ставовите на СДСМ за платформата на албанските партии.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...