fbpx

Шилегов: Нов клинички ќе изгради новата реформска влада, а не оваа во заминување

-

„Ќе има ревизија на работењето на владата со технички овластувања во заминување. Меѓу другото, ќе бидат преиспитани и процедурите преку кои во последен момент, пред трансферот на власта, Тодоров и соработниците влегоа во договор за изградба на нов клинички центар што треба да се реализира во иднина“, рече портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Тој вели дека техничката влада нема овластувања да потпишува вакви договори на неколку дена пред заминување.

„Да ги интересираа потребите на граѓаните, Никола Тодоров и раководството на ВМРО-ДПМНЕ немаше да чекаат да станат опозиција за да потпишуваат договори за нов клинички центар. Тодоров и ВМРО-ДПМНЕ им ветија на граѓаните нов клинички центар во 2012 година и тој требаше да биде готов до 2 јануари 2017 г. Денеска сме 19 мај, а од новиот клинички центар најавен од ВМРО-ДПМНЕ сè уште има само тараби и дупки“, додаде Шилегов.

Тој информираше дека нов клинички центар во Скопје ќе изгради новата реформска влада.

Инаку, денеска министерот за здравство во заминување, Никола Тодоров, потпиша договор за изградба на новиот клинички центар во вредност од 72 милиони евра со „Гранит“ и со „Бетон“ и со италијанската компанија „Инсо системи“. Договорот го потпишаа во свечената сала на Владата.

На потпишувањето на договорот присуствуваа и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и техничкиот премиер Емил Димитриев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...