fbpx

Шилегов: Неодговорниот Груевски работи нешто зад грбот на граѓаните

-

Никола Груевски се обиде да сокрие дека тој се согласил да има анализа за спроведувањето на Рамковниот договор, обвини денеска Петре Шилегов, портпарол на СДСМ, на прес-конференција која се одржа пред Владата на Република Македонија.

– Груевски сака да сокрие дека Владата стои зад конференцијата за анализа на спроведувањето на Рамковниот договор што треба да се одржува од 1 декември во Скопје. Затоа Груевски измислува приказни за федерализација, за да го покрие овој владин документ. Во договорот со архивски печат во Владата, јасно е наведено дека документот е потпишан помеѓу Владата и Европскиот институт за мир. Сега Груевски ќе мора да излезе и да им објасни на граѓаните која е причината за оваа конференција за анализа на спроведувањето на Рамковниот договор. Очигледно е дека неодговорниот Груевски работи нешто зад грбот на граѓаните – рече Шилегов.

Тој праша дали целта на Груевски е да разгори меѓуетнички тензии во Македонија само за да се спаси себеси. Шилегов вели дека граѓаните знаат дека СДСМ гради единствена Македонија, едно општество за сите граѓани.

– Никола Груевски не сака единствена Македонија, а таа му порачува на Груевски „доста е“. Збогум Никола – рече Шилегов.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...