fbpx

Шилегов: Нема прекопи на улиците откако ќе бидат реконструирани

-

Градот ќе стави ред во прекопувањето на скопските улици, најави денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, поради, како што кажа, досегашната пракса од Градот да се бара дозвола за прекоп на улица, која Градот мораше да ја издаде.

„Сега воведуваме сосема нова пракса- на почеток на секоја градежна сезона Град Скопје ќе објави листа на улици кои ќе бидат предмет на реконструкција во текот на сезоната со што градежните инвеститори навреме ќе бидат запознаени кои улици ќе бидат реконструирани и кога, за да можат да ги планираат своите активности, а откако тие ќе бидат завршени ќе постои двегодишна забрана за нивно прекопување за најразлични инсталации. Освен во итен случај, кога ќе се работи за некаков дефект, Градот нема да дозволува на тие улици да се прават прекопи. Не смееме да дозволиме парите на граѓаните да се трошат за нови улици, а потоа тие да се прекопуваат, како што имаше неколку случаи во скорешниот период“, рече Шилегов.

Тој смета дека со ваквото ставање ред во градежните активности во Градот, ќе се придонесе за намалување на загадувањето.

Шилегов најави дека годинава целосно или делумно ќе бидат реконструирани булеварите АСНОМ, Кочо Рацин, Партизанска, Александар Македонски, Втора Македонска Бригада и Крсте Петков Мисирков, ќе започне реализација на булеварот Хрватска, Никола Карев и Јужен Булевар.

Од градските улици ќе се одвиваат работи на реконструкција на улиците: Димитрија Чуповски, Борис Сарафов, Фебруарски Поход, Ѓорче Петров, Љубљанска, Московска, Братфордска, Лазар Личеновски, Индира Ганди, Благоја Стефковски, Ферид Мурати, Павел Шатев, Црниче, Македонско- косовска бригада, Александар Урдаревски, Есенинова, Боца Иванова и Андон Димитров.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...