fbpx

Шилегов: Министерството за одбрана купува оклопни возила за 250 милиони евра

-

Организираниот грабеж на Македонија што го спроведуваа Никола Груевски и неговите соработници, како и задолжувањето на идните генерации продолжуваат, изјави денеска на прес-конференција Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

Тој рече дека Министерството за одбрана спроведува постапка за набавка на оклопни возила во вредност од 250 милиони евра, а исплатата треба да се одвива во период од 2018 до 2026 година.

– Ова значи дека во моментов, поради погрешните политики на власта, нема средства за исплата и оваа обврска се остава на идните три влади на Македонија. Со ова, на многу сериозен начин се оптоваруваат буџетите на наредните три влади на Македонија. Негрижата на оваа власт доведе до тоа АРМ целосно да биде маргинализирана а нејзините припадници, војниците доведени во состојба да немаат најосновни работи. При оваа набавка, единствен критериум е цената. За власта, небитен е квалитетот на оклопните возила ниту пак ангажирањето на домашни фирми во изработката или одржувањето на возилата. Вредноста на набавката може да биде значително помала доколку се набават дел на репарирани возила, со гаранција од производителот. Потсетуваме дека од квалитетот на оклопните возила многу често зависи животот на нашите војници – вели Шилегов.

Тој додаде дека ваква набавка мора да се спроведе многу посериозно, со изработена техничка спецификација којашто ќе гарантира намалување на вредноста на набавката и зголемување на гаранциите за безбедност на војниците, но ангажирање на дел од домашната индустрија во изработката и одржувањето на возилата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...