fbpx

Шилегов: Ќе ставиме крај на градежното дивеење во Скопје

-

Граѓаните на Скопје не заслужуваат арогантни градоначалници кои не мислат на потребите на граѓаните. По промените на локалните избори, новата градска власт заедно со граѓаните ќе работи напорно за Скопје да стане гордост за идните генерации, порача потпретседателот на СДСМ, Петре Шилегов, во своето обраќање по повод 8 Септември, на одбележувањето на големиот државен празник што во местото Три Круши во Драчево традиционално го организира општинската организација на СДСМ Кисела Вода.

– Ќе ставиме крај на градежното дивеење низ градот. Ќе го направиме Скопје така како што доликува. Нема повеќе да има градежна дозвола ако не се засадат пет дрва за секој стан – порача Шилегов, велејќи дека парите на граѓаните нема да се трошат за панорамски тркала и за барокни фасади, туку за еколошки јавен превоз и за нови училишта.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...