fbpx

Шилегов: Ќе изградиме нов и функционален Клинички центар

-

СДСМ ќе изгради нов, модерен и функционален Универзитетски клинички центар за потребите на сите граѓани во Македонија. Здравствените услуги ќе бидат висококвалитетни, порача портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, на прес-конференција пред Клиничкиот центар во Скопје.

– Ќе го вратиме концептот на единствен универзитетски клинички центар во кој сите клиники ќе бидат функционално поврзани. Нема да ве препраќаат како досега од клиника во клиника. Овие тараби зад мене што сведочат за неодговорните криминални политики на досегашната власт, ќе бидат минато, исто како што е веќе минато нивниот носител Никола Груевски. Груевски заедно со Никола Тодоров, токму овде на овој ден, на 2 јануари 2014 година, се шеташе покрај овие поставени тараби во Клиничкиот центар во Скопје и ви вети нов Клинички центар во Скопје до 2 јануари 2017 година. Денеска е 2 јануари 2017 година. Реалноста, како што гледате, се само тарабите – рече Шилегов.

Портпаролот на СДСМ истакна дека во центарот на Скопје наместо потребниот клинички центар, никнал друг објект, односно, како што кажа, партискиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ кој чини 30 милиони евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...