fbpx

Шилегов ја повлече одлуката за поскапа вода, одлуката на РКЕ била „политикантска“

-

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, на денешната петта седница на Советот на Град Скопје, ги повлече од дневен ред предлог-одлуките со кои беше предвидена промена на цената на водата во Скопје, информираат од таму.

– По извршената длабинска анализа за финансиската состојба и работењето на ЈП „Водовод и канализација“, имајќи предвид дека се политикантски мотивите на Регулаторната комисија, имајќи предвид дека Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) не ја заснова својата одлука на фактите и реалните потреби на граѓаните, предлагам точките 25, 26 и 27 да се симнат од дневниот ред. Додека јас сум градоначалник на Скопје, граѓаните на Град Скопје поради политикантски одлуки на партизирани органи од минатото, нема потреба да плаќаат поскапа вода. Водата ќе остане со истата цена, а ние со домаќинско работење ќе ги сервисираме сите потреби на јавното претпријатие – рекол Шилегов на седницата на Советот.

Инаку, вчера и Владата исто така и препорача на РКЕ да не ја поскапе водата за корисниците на Јавното претпријатија за водоснабдување „Студенчица“ од Кичево.

На денешната прес-конференција во Влада пак, на новинарско прашање дали не сметаат дека препораката до РКЕ е мешање во работата на ова тело, кое треба да биде независно, портпаролот Миле Бошњаковски појасни дека „токму и затоа избираат внимателни зборови, односно не бараат туку само препорачуваат да не се поскапи водата“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Температурните разлики се шок за луѓето, летоска можно е да има грмотевични бури

Деновиве се случуваат големи температурни осцилации. Влеговме во пролет со летни температури, а сега имаме ниски температури. Чувствителните луѓе реагираат на овие драстични временски разлики бидејќи организмот не може...