fbpx

Шилегов и Богоев најавија нов градски парк на површина од 30 хектари во Карпош

-

Овие локални избори се поинакви бидејќи граѓаните избираат нови политики кои носат изградба на инфраструктура по план, нови можности, чиста животна средина, повеќе пари кај граѓаните и живот за сите во Скопје, порача кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, во изјава за медиуми.

– За да ги оствариме тие цели, чекориме по неколку патеки. Градиме мостови за подобро да го поврземе градот. Ги напуштаме автоцентричните решенија, за да го зголемиме учеството на другите во сообраќајот. Го гасифицираме Скопје, почнувајќи од населбите без топлификациска мрежа. Преземаме системски мерки за да обезбедиме чист воздух за граѓаните, што поскоро. За децата и за средношколците обезбедуваме грижлив и просперитетен град, а за сите граѓани нова, отворена, услужна локална власт – рече Шилегов.

Шилегов и кандидатот за градоначалник на Општија Карпош најавија отворање нов градски парк во Карпош, покрај кејот на Вардар, со површина од 30 хектари, кој ќе биде опремен со нови садници, патеки, урбанистичка опрема, во чиј состав ќе се изгради и ботаничка градина.

Богоев вети и нова градинка во Влае 2, еко-паркиралиштаи и три реонски базени на територијата на општина Карпош, дом за повозрасни лица, на Кејот на реката Вардар кај Злокуќани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...