fbpx

Шилегов: Груевски креира криза за да се спаси од нормално судење и од затвор

-

Во оваа фаза зборуваме за мандат за состав на Влада. Ниту зборуваме за содржина, ниту зборуваме за форма и вид на Владата, и дали ќе се постигне таков договор, вели портпаролот на СДСМ Петре Шилегов на новинарско прашање дали СДСМ добиле нацрт-закон за употреба на јазиците од страна на албанските партии.

Прашан дали ако ВМРО-ДПМНЕ биде во опозиција од СДСМ очекуваат да направи некој инцидент или немири во државата, Шилегов рече дека Македонија е мирна, стабилна и демократска држава.

– Суштината на кризата во којашто се наоѓа Република Македонија е паѓањето на власта која е исклучиво криминална и криминогена. Длабоко во оваа криза што ВМРО-ДПМНЕ сака да ја прикаже како не знам каква криза и заговор за целиот свет против Македонија, лежи обидот на Никола Груевски и криминалното раководство да се спасат од сопствената иднина којашто очигледно во услови на нормални судења ќе биде во затворските институции во Република Македонија – рече Шилегов.

Тој додаде дека не очекува реакции од Антикорупциската комисија за хипотеката на зградата на ВМРО-ДПМНЕ затоа што, како што кажа, регулаторните тела се целосно партиски поклопени.

– На сите овие скандали што се јавија за носителите на високи државни функции во Република Македонија во изминатиов период Антикорупциската комисија остана нема, дури вие новинарите не смеевте да поставите прашања за Никола Груевски, така што и небитно е на крајот на денот дали Антикорупциска комисија ќе покрене постапка – додаде Шилегов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и...