fbpx

Шилегов: Груевски да дојде јавно да сведочи пред Анкетната комисија

-

Петре Шилегов, пратеник од редовите на СДСМ и претседател на Анкетната комисија за скандалот со незаконското прислушување, упатил писмо до премиерот Никола Груевски во среда, на 20 јануари, да се појави на седницата на комисијата и јавно да сведочи.

Шилегов упатил и писмо до Трајко Вељаноски да не закажува пленарна седница, за да може да биде исполнет условот, седницата на Анкетната комисија, кога ќе сведочи Никола Груевски, да се пренесува директно на собранискиот канал на МРТВ.

– Само на овој начин се создаваат услови Анкетната комисија за скандалот со незаконското прислушување да продолжи со работа, откако беше блокирана од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Јавноста знае дека Никола Груевски и ВРМО-ДПМНЕ најголем проблем имаат со вистината и со правдата. Но, успешната работа на Анкетната комисија е обврска од Договорот од Пржино, која мора да биде спроведена во целост. За криминалот и за корупцијата на власта во изминатите 10 години, граѓаните очекуваат одговори и одговорност, а не тајни сослушувања, скриени од очите на јавноста – вели Шилегов.

Шилегов додаде дека наместо да се крие зад затворени врати и да бега од граѓаните, Никола Груевски има обврска да дојде на јавна седница и да одговори на сите прашања.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...