fbpx

Шилегов: Град Скопје има потреба од нова власт која системски ќе ги реши проблемите

-

Скопје по локалните избори ќе добие нова услужна локална власт, еднакво посветена и отворена за сите граѓани, и ќе покажеме што значи нова политика на локално ниво, изјави денеска кандидатот за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Петре Шилегов.

– Новата политика за граѓаните ќе донесе подобра патна инфраструктура, побезбедена чиста вода и чист воздух за здрави граѓани, повеќе пари за граѓаните за подобар и полесен живот. Додека голем дел од граѓаните на Скопје сè уште немаат достојна патна инфраструктура, водоводна и канализациска мрежа, Коце Трајановски ги исполнуваше желбите на Никола Груевски и потроши милиони евра за мегакриминалниот проект „Скопје 2014“. Додека скопјани секоја зима буквално се задушуваа од загадениот воздух, Груевски и Трајановски стихиски ги уништуваа дрворедите, парковите и сите зелени површини во градот – вели Шилегов.

Кандидатот за градоначалник смета дека Град Скопје има потреба од нова градска власт, која системски ќе го реши проблемот со загадувањето, ќе подготви и ќе изработи модерни, ефикасни и еколошки решенија во јавниот превоз, ќе го зголеми процентот на зелени површини во градот и ќе овозможи алтернативни извори на енергија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...