Шилегов: Децата во бадниковите поворки не беа злоупотребени за религиски цели


       
Скопје, 7 јануари, 2018 - 13:09 (META) 

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов смета дека децата кои учествуваа во бадниковите поворки вчера, не биле злоупотребени за религиски и за политички цели.

Според него, градоначалниците на општините и Град Скопје излегле во пресрет на барање на граѓаните, за обезбедување на автобуски превоз за децата.

„Иницијативата потекнува од самите родители, кои свесно децата ги внеле во таа иницијатива. Ние како Град Скопје само излеговме во пресрет на потребите за превоз на децата со автобуси“, одговори Шилегов на новинарско прашање, по присуството на божикната литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје.   

Вчера, одредени здруженија и граѓански иницијативи реагираа на учеството на децата во бадниковите поворки кои се одржаа во повеќе градови во државата, како дел од прославата на Бадник и на Божиќ.