fbpx

Шилегов апелира да не се палат огнови за Бадник поради загадувањето

-

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, за време на традиционалното собирање на бадникови гранчиња на Водно апелираше да не се палат отворени огнови за време на Бадник.

Тој ги повика граѓаните да се воздржат од палењето огнови и рече дека апелот е усогласен со градоначалниците на сите скопски општини кои одлучија да се забрани доделувањето на дрва од општините за оваа намена.

-Апелирам до скопјани да не се палат огнови на отворено по повод прославата на божиќните празници, со цел да ја заштитиме животната средина, а и да го заштитиме амбиенталниот воздух. Да се посветиме на иднината и да водиме сметка за здравјето на децата – рече Шилегов.

За време на собирањето на бадникови гранчиња присуствуваат и кумот на овогодинешната прослава, Влатко Огненовски – Шеф, овогодинешниот здравичар, Стефан Хаџи Николов – Штеф, минатогодишниот кум Радко Манов, како и повеќе поранешни кумови, здравичари и свештени лица од МПЦ.

Шилегов им посака успешна организација, а на граѓаните на Скопје им посака добра забава и пријатна празнична атмосфера.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...