This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Tue Jun 19 8:20:43 2018 / +0000 GMT

Шесто издание на „Виолин фест“ утре во Македонска филхармонија




Во Камерната сала на Македонска филхармонија утре со почеток 20 часот ќе се одржи шестото издание на фестивалот на млади виолинисти „Виолин фест“.

На ревијалниот концерт и оваа година ќе настапат млади и талентирани виолинисти од музичките училишта од Скопје, Штип, Кочани, Прилеп и Косово, како и студенти од Факултетот за музичка уметност во Скопје. На програмата ќе бидат изведени композиции од Вивалди, Крајслер, Равел, Сарасате, Ваксман...

Организатор на „Виолин фест“ и оваа година е виолинистот и концерт-мајстор на Македонската филхармонија, Владимир Костов, чија идеја да се презентира талентот на едно место на младите виолинисти од цела Македонија, без разлика на нивната возраст, веќе прерасна во традиционална. „Виолин фест“ наедно нуди и отворање на концертната сцена и претставување пред поширок аудиториум на младите музичари за кои музиката е вистински предизвик.

Како пијано придружба, на годинашното издание ќе се претстави пијанистката Марија Вршкова.

Фестивалот се реализира во соработка со Музичката младина на Македонија и Министерството за култура на Македонија.
Post date: 2018-06-04 12:19:06
Post date GMT: 2018-06-04 10:19:06
Post modified date: 2018-06-04 12:19:06
Post modified date GMT: 2018-06-04 10:19:06
Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. HTML saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com