fbpx

Шесто издание на „Виолин фест“ утре во Македонска филхармонија

-

Во Камерната сала на Македонска филхармонија утре со почеток 20 часот ќе се одржи шестото издание на фестивалот на млади виолинисти „Виолин фест“.

На ревијалниот концерт и оваа година ќе настапат млади и талентирани виолинисти од музичките училишта од Скопје, Штип, Кочани, Прилеп и Косово, како и студенти од Факултетот за музичка уметност во Скопје. На програмата ќе бидат изведени композиции од Вивалди, Крајслер, Равел, Сарасате, Ваксман…

Организатор на „Виолин фест“ и оваа година е виолинистот и концерт-мајстор на Македонската филхармонија, Владимир Костов, чија идеја да се презентира талентот на едно место на младите виолинисти од цела Македонија, без разлика на нивната возраст, веќе прерасна во традиционална. „Виолин фест“ наедно нуди и отворање на концертната сцена и претставување пред поширок аудиториум на младите музичари за кои музиката е вистински предизвик.

Како пијано придружба, на годинашното издание ќе се претстави пијанистката Марија Вршкова.

Фестивалот се реализира во соработка со Музичката младина на Македонија и Министерството за култура на Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...