fbpx

Шести европски конгрес за мали и средни претпријатија во Катовице

-

Шестиот европски конгрес за мали и средни претпријатија се одржа во Катовице, Полска, од 10 до 12 октомври.

На конгресот оваа година учествуваше и делегација од Стопанската комора на Македонија, предводена од претседателот Бранко Азески.

– Улогата на малите и на средните претпријатија во македонската економија е сè поголема и позначајна. Имајќи го предвид силниот потенцијал за развој на приватниот сектор во изминативе години во Полска, како и бројните домашни и странски инвестиции во повеќе сектори во стопанството, за македонските компании соработката со Полска претставува голем предизвик – истакна претседателот Азески.

Како позначајни прашања за кои се дискутирало на овој конгрес се темите поврзани со иновации, финансирање на разни видови истражувачки студии, инвестирање и одржливост на бизнисите, како и новите технологии за поддршка на микропретпријатијата, малите и на средните претпријатија.

Полска има потенцијал да стане водечка земја во ЕУ по производство на храна, бидејќи силно го развива аграрниот сектор. Просечната плата во земјата е поголема од 1.200 евра и постојано се зголемува, а се намалува стапката на невработеност, која сега изнесува само 9 проценти. Во Полска се наоѓаат 40 проценти од 500 најголеми компании во Централна Европа.

Вкупната трговска размена на Македонија со Полска во периодот од јануари до август годинава изнесува 98 милиони долари, што претставува зголемување од 25,6 проценти во однос на истиот период од претходната година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОНХЦР: Застрашени сме од гробниците околу болниците во Газа

Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации (ОНХЦР) Волкер Турк изјави дека е „застрашен“ од гробниците во Газа, пренесува Би-би-си. Во трите гробници кај болниците Насер и Ал-Шифа беа...