fbpx

Шест скијачи загинаа во лавина на италијанските Алпи

-

Лавина усмрти шест скијачи во Монте Невозо на италијанските Алпи, надвор од скијалиштето, соопштија италијанските власти.

Италијанската полиција ја потврди информацијата за жртвите во лавината што се случила денеска околу пладне, на висина од околу 3.000 метри.

Спасувачката акција сè уште е во тек. На местото на несреќата пристигнал хеликоптер со кој се донесени кучиња трагачи, кои се обидуваат да ги лоцираат преживеаните.

Како што се наведува, жртвите биле во група која скијала надвор од скијачката патека. Засега не е познато колку луѓе биле во групата, ниту што ја предизвикало лавината.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...