fbpx

Шест лица убиени и осуммина ранети во терористички напад на џамија во Квебек

-

Шест лица се убиени, а осуммина се ранети во вооружен напад на џамија за време на вечерна молитва, што синоќа се случил во канадскиот град Квебек Сити, сооошти канадската полиција, пренесува „Би-би-си“.

Во нападот учестувале две лица, кои отвориле оган во исламскиот културен центар во Квебек, додека во него имало околу 50 верници кои биле на молитва.

Еден од напаѓачите, како што пренесува „Би-би-си“, бил уапсен на самото место, додека другиот во близина на џамијата.

Канадските власти, како што соопштиле од полицијата, нападот го третираат како терористички напад.

„Го осудуваме овој терористички напад на муслимани во центарот, кој е место за молитва и засолниште. Канаѓаните муслимани се важен дел на нашето национално ткиво и за ваквите бесмилени дела нема место во нашите заедници, градови и во земјата“, изјавил канадскиот премиер Џастин Трудо.

Загинатите, според полицијата, се на возраст од 35 до 70 години, а дел од повредените биле во критична состојба.

Во јуни минатата година, истата џамија беше мета на инцидент од исламофоби, кога пред нејзините порти беше оставена свинска глава, со порака „добар апетит“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...