fbpx

Шест лица повредени во сообраќајка на патот Маврови Анови – Дебар

-

Шест лица се повредени, од кои четири деца, во сообраќајна несреќа што денеска попладне се случила на патот Маврови Анови – Дебар.

Според информациите на СВР Тетово, сообраќајната несреќа се случила околу 16 часот, кога возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, што го управувал 46-годишниот Ј.Џ. од Голема Речица се судрило со товарно возило „ман“, што го управувал 43-годишниот М.Б. од селото Челопек.

Во несреќата, покрај возачот на мерцедесот повредени се неговата сопруга Е.Џ. (36) и четири малолетни деца кои биле во автомобилот. Повредените деца, од кои едно потешко, се префрлени на скопските клиники.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...