fbpx

Шеснаесетгодишник од Батинци доби кривична пријава за обид за разбојништво

-

Дека се обиделе да ограбат казино во раните утрински часови на 3 март, СВР Скопје товари шеснаесетгодишник од Батинци и негов четири години постар соселанец.

Кривична пријава за обид за разбојништво добија А.Т. (20) и шеснаесетгодишникот, двајцата од скопското село. Тие во 3.45 часот влегле во казиното на улицата Иван Хаџи-Николов во Скопје и заканувајќи се со ладно оружје, од вработените побарале да им го дадат дневниот промет. Сепак, вработените се спротивставиле и ја осуетиле намерата на младите разбојници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Објавен прирачник за употреба на вештачка интелигенција во новинарството

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) промовираше Прирачник за едукатори по Новинарство: Известување за Вештачка Интелигенција издаден од УНЕСКО, а објавен на македонски и на албански јазик....